Нема датум за објектот на УМТ, раководителите ја посетија касарната која треба да стане Универзитет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака во моментов изгледа зградата која ќе се трансформира во новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. Локацијата е во касарната „Илинден“, додека неодамна заедно со раководството на универзитетот ја посети и ректорот Изет Зеќири. Иако од 2016 година се зборува дека земјиштето во касарната „Илинден“ е одредено да биде во служба на овој универзитет, не е поместен се уште ниту камен, додека по повод посетата, на официјалната веб-страница на УМТ пишува „УМТ чекори брзо…

„Бевме на увид, во касарната „Илинден“, каде ги видовме објектите, трите објекти таму кои се нефункционални, кои мора да се урнат и да се отвори простор за завршниот објект на кампусот“, вели Буњамин Бела.

Повторно нема датум „колку брзо ќе се движи УМТ“, односно кога се очекува да започнат и завршат работите.

„Верувам дека наскоро ќе имаме конкретни чекори, штом заврши постапката за јавна набавка во врска со тендерот или реконструкцијата на постоечкиот објект. Тоа е некаде околу 3000м2, во кои се трудиме за краток рок и студентите и ние заедно да влеземе во тие простории. Тие се навистина преубави простории од визуелна гледна точка, кои навистина даваат изглед на кампус што студентите на УМТ го заслужуваат“, вели Бела.

Инаку, предавањата во моментов студентите ги одржуваат во просториите на зградата на Сојузот на синдикати и во основното училиште „Битолски конгрес “ во Скопје.