Нема долго чекање за терапија од специјалист – матичните лекари почнаа да издаваат рецепти за 5 дијагнози

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новите реформи во здравството им олеснуваат на граѓаните да не чекаат пред вратите на клиника за терапија од специјалист. Сега описот на терапијата за земање на пет терапии, кои досега ги даваа само специјалисти од областа, ќе можат да ги дадат и матичните лекари.

„Од утрово системот работи, не само на хартија, туку работи по редовен редослед за петте дијагнози, како што се дијабетес, хипертензија, астма, хипотироидизам, намалување на работата на тироидната жлезда, а сега ова е реалност и со ова ќе се намали и непотребното чекање и ќе им олесниме и на стручните лица во секундарните и терцијарни оддели“, вели Фатмир Меџити.

Наскоро ќе има промени и од лабораториски аспект и ќе се прошири списокот на лекови кои ќе можат да ги препишуваат матичните лекари. Ќе се ажурира дел од списокот на лекови кој не е ажуриран 15 години, а дел од лековите ќе може да ги дава и примарната медицина, односно матичните лекари. Следната реформа се очекува за 30 дена.

„Другите промени ќе се развиваат етапно, во иднина ќе продолжиме со лабораториските промени, ќе имаме реформи и овде. Исто така, ќе може да се даде и тоа што значи L1, L2, а реформите треба да се одвиваат полека во фази“, вели Фатмир Меџити.

Според податоците на Министерството за здравство, повеќе од 30 отсто од пациентите дневно на скопските клиники доаѓаат само за продолжување на терапијата, оваа услуга сега ќе може да ја врши матичниот лекар.