Нема кој да се грижи за старите лица – во 27 општини даватели на услуги ќе им помагаат на старите лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Чистење, пазарење, перење, пеглање, дружење, па и пиење кафе и читање се обврските на давателите на услуги кои ќе им ги даваат на стари и изнемоштени лица. Ова произлегува од масовноо иселување на младото население, современиот начин на живеење на оние кои останаа во земјава.

 „Услугата за помош и нега во домот се спроведува во 27 општини со поддршка на МТСП на 22 проекти, а овие услуги значат помош и поддршка на возрасни лица над 65 годишна возраст во нивниот дом“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

До сега има 629 корисници на овие услуги. Во нив се вклучени 227 граѓани од ранливите категории кои се потешко вработливи. Од овие услуги според Тренчевска има повеќе бенефити.

„Од една страна старите лица добиваат помош во нивниот дом, од друга страна ја намалуваме сиромаштијата кај лица коишто не се вклучени на пазарот на труд заради нискиот степен на образование“, вели Тренчевска.

Министеката Тренчевска објаснува дека носењето во стречки домови предизвикува психолошки кризи во смисла дека страите лица се чувствуваат како блиските да се откажале од нив. На овој начин ќе имаат можност да живеат во своите домови, но ќе имаат помош при извршување на секојдневните обврски од даватели на услуги, ангажирани од Центрите за социјални работи.

Според прогнозите на Обединетите нации до 2050 година во Македонија стари ќе бидат 33 проценти од населението.