„Нема нов случај на коронавирус. Во моментов се тестира пациентка на 16 години, која има неспецифични знаци на горнореспираторна болест“, рече Филипче за новата ситуација околу коронавирусот во нашата земја.
Досега се регистрирани седум случаи позитивни на коронавирус, и први случаи со локална трансмисија, односно заразени лица од брачниот пар од Дебар.
Иако имаше неофицијални информаации за уште заболени во Дебар и во Кочани, сепак, министерот Филипче ги демантираше овие информации.
