Нема одлука за отворање на границите, Косово – Македонија и натаму со негативен ПЦР тест, за датумот следната недела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, заедно со неговиот хомолог од Косово, Арменд Земај, разговарале за можностите за отворање на границите меѓу овие две држави. Сепак, конкретен датум кога ќе патуваат слободно граѓаните на овие две држави, се уште нема. Во врска со ова ќе се одлучува следната недела. Се зависи од епидемиолошката состојба.

„Во текот на оваа и следната недела ќе имаме детален извештај за епидемиолошката состојба, ќе премениме и на владино ниво и за прашањето за слободно движење меѓу двете држави.“, вели Земај.

Двете држави формирале работна група која ја следи епидемиолошката состојба.

Бројот на заразени со Ковид-19 ги натера двете држави да донесат одлука за затворање на границите и за патување само со негативен ПЦР тест.