Нема отстапки – субвенции за вработувања по етнички клуч ќе има, одлуката ги подели функционерите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државни субвенции за вработување по етнички клуч  сепак ќе има и во приватниот сектор,  и тоа најверојатно од наредната година. Министерот за економија Крешник Бектеши  истакна – тоа е дел од владината програма, и нема отстапки од неа.

„Ако ме прашате мене како министер за економија ќе ги направам најголемите напори за таа мерка да почне да се реализира. Ќе барам од владата со донесувањето на предлог буџетот за наредната година такви средства да бидат предвидени.“, рече Бектеши.

Појаснувајќи ја ново најавената мерк,а Бектеши потенцираше дека истата не значи и вработување во одредена компанија само за Албанци,Турци,Македонци..

„Не значи дека само Албанци,Турци или Македонци ќе се вработат во одредена компанија. Тоа значи дека ако сопственик на компанија Албанец вработи Македонец ќе биде поддржан од Владата..А тоа ќе биде направено на инклузивен начин за граѓаните да се доближат што повеќе.“, вели Бектеши.

Бектеши денеска ги уверуваше новинарите дека во Владата нема несогласувања по ова прашање. За разлика од него, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи викендов изјави дека е неблагодарно  државните пари да се делат по етничка основа.

„Мислам дека е неблагодарно да целиме да парите кои ги даваме се делат по етничка основа. Прашањето ќе биде одговорено со подпрашање. Дали навистина на едно болно дете ќе треба да кажеме дали тоа болно дете  е по етничка припадност Албанец,Турчин или Македонец па така да ги даваме по клуч. Ако одговорот е  ДА -тогаш заедно ќе го креираме тој модел. Но во едно општество во кое сакаме да градиме правично општество сметам дека тоа треба да го заборавиме.“, рече Битиќи.

Инаку информацијата прв  за ТВ 21  ја пласираше Артан Груби првиот заменик на премиерот. Тој во изјава за емисијата Клик плус објасни дека за вработување на Македонци  во Тетово и Гостивар владата ќе дава субвенции. Подоцна и премиерот Заев се најде на иста линија со Груби и кажа дека субвенции ќе има и за вработување на Македонци во Тетово и Гостивар. Инаку бизнис заедницата реагираше дека недозволиво е власта да се меша во приватниот сектор  и да се дискриминираат граѓаните по етничка основа