Искра Хаџи Василева вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека нејзината кандидатура за шеф на ОЈО ГОКК произлегува од чувството на лична и професионална одговорност, но и од потребата да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
„Зошто? Искрено ќе одговорам во обид да не звучам премногу наивно, се кандидирам од одговорност искрено. Чувствувам дека е одговорност, на оваа генерација, моја лично, да се обидеме да направиме нешто повеќе, нешто подобро, да ја вратиме довербата во правдата, како што рековте во најавата“. Мислам дека може. За почеток нека биде тоа. Ќе се навратиме да, да со истото прашање да продолжиме со вашите колеги“, порача Василева.
