„Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе одлука дека моментално нема потреба од воведување на нови рестриктивни мерки или полициски час.“, вели репортерката на ТВ21.
По одлуката на Комисијата за заразни болести, ТВ21 спроведе анкета со граѓаните за да ги праша дали сметаат дека има потреба или не за воведување на полициски час. Граѓаните со поделени мислења.
Еден граѓанин смета дека треба да има полициски час 24 часа.
Една госпоѓа смета дека за полициски час треба да одлучат другите.
Еден од анкетираните не верува дека постои Ковид-19 иако вирусот во нашата земја е присутен веќе 10 месеци.
КЗБ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките кои се на сила, како што се затворање на угостителските објекти во 21 часот, забрана за групирање на повеќе од четири лица, и максимално почитување на протоколите од сите економски оператори.
