Нема скијачки центар на Галичица и Јабланица – изготвени се неколку проекти, но ништо не е реализирано досега!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Идејата за изградба на ски центри на планините Галичица и Јабланица никако да се реализира. Оваа тема е покрената од 2012 година, кога здружението на хотелиери побара и даваше идеи за скијачки центар за развој на туризмот.

МЕПСО тогаш распиша и тендер за изработка на физибилити студија и мастер план за развој и изградба на скијачкиот центар во Националниот парк Галичица, но резултати немаше.

Две години подоцна, во 2014 година, се бараа странски инвеститори.  Се пријавија неколку странски компании, меѓу кои и инвеститори од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан. Но, иако поминаа 10 години досега  ништо не е реализирано.

Од здружението ХОТАМ велат дека прво треба да се изгради  инфраструктура и потоа да се привлекуваат странски и локални инвеститори за развој на планинскиот туризам.

Туристичките работници велат дека е потребна изградба на ски центар за збогатување на понудата и развој на туризмот во текот на целата година.

Досега се подготвени два мега проекти за кои се потрошени илјадници евра, но до денес останаа во фиока, само на хартија. Физибилити студиите покажаа дека теренот е идеален, со снег од декември до мај. Агенција за инвестиции и промоција на извозот минатата година го презентираше проектот за изградба на ски-патеки на планината Јабланица во должина од 85 километри во близина на Лабуништа, како и проектот за изградба на ски-центар со резиденција за викендички и хотели во близина. Но од сето ништо не е реализирано.