Нема слободен стан повеќе од 10 дена, побарувањето ја зголеми цената на становите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од 15-20 % или од 150 до 180 евра по квадрат просечно има реален пораст на цените на становите само во последните 8 месеци. Па така, ако еден стан во центар чинел 1300 евра по квадрат, сега се продава по цена од најмалку 1500 евра. Поскапувањето на репроматеријатели, недостатокот на работа сила, но пред се интересот сообено со почекотот на панедемијата ја зголемил цената на становите во земјава. Трендот на покачување на цената на становите на пазарот го следат и старите градби и покрај тоа што биле градени со материјали по пониска цена.


-Стан на пазарот во изминатите 5-6 месеци, па ако сакате и од почетокот на кризата не можете да најдете слободен повеќе од 10-тина дена. Тоа за жал не се случуваше претходно или пред короната. Побарувањето на станови дали е тоа 45, 65, 85 да не кажам и 135 квадрата е огромно, вели Слободан Боби Митровски од Агенцијата за недвижности „Асториа“.

Цената на становите нема да се намалува, бидејќи нема основа за тоа. Би можела да остане иста како годинава и следната -велат од Агенциите за недвижности.

Андреа Серафимовски, Претседател на Здружението 1.5 -1.50
-Сето она што го баравме како здружение при СКМ се однесуваше главно на антикризни мерки кои би ги подобриле состојбите во градежништвото не само кај компаниите него и кај граѓаните. Особено онаа мерка на намалување на ДДВ од 18 % на 5 % таа мерка на оние компании кои имаат проблем со цените и кои работат на капиталните проекти и на проектите кои ги објавуваат јавните институции, а кои проекти се добиени по критериум најниска цена и има во договорот услов цените да не се променливи, баш оваа мерка ќе влијае најмногу.

Здржението на градежници при ССМ минатата и предложи на Владата антикризни мерки со оглед поскапувањето на репроматеријалите кои влијаат и на цената на становите, како и врз одлуките за реновирање. Доколку се прифатат предлозите сегашната цена на репроматеријалите би се намалила за 10%. Од почетокот на пандемијата до крајот на годината челичните профили и цевки ќе достигнат до 95% поскапување.