По сторијата на ТВ21 за 70-годишната тетка Саметка од Кичево , жена која за малку ќе заврше на улица, хуманите луѓе од градот , преку Организацијата „Класје на добрината“ ѝ обезбедија стан под кирија за две години сѐ додека не биде изнајдено долгорочно решение со изградба на социјалните станови.
Веднаш откако ја слушнал веста за оваа мајка, Ислам Каса од селото Србица стапи во контакт со Хуманитарната организација и испрати средства за плаќање на киријата, а организацијата пак, ќе продолжи да ѝ помага со прехранбени производи.
-Еве го договорот кој го склучивме за станот. Овој стан е обезбеден преку едно момче од селото Србица кое живее во Америка, Ислам Каса. Кога дознал за случајот веднаш се јави во нашата организација и склучивме договор со сопственикот на станот. Киријата е платена сѐ додека не ѝ биде обезбеден социјален стан.-вели Мухамед Мехмеди.
Веќе нема солзи на лицето на Самаетка, која изрази благодарност до сите кои ѝ помогнале.
„Многу ви благодарам. Господ нека му го чува семејството на оној кој ми помогна. Господ нека го чува него, децата, семејството. Ви благодарам и вам-рече Самаетка Рушити.
Инаку, пред еден месец ТВ21 ја емитуваше сторијата за оваа 70-годишна жена која ризикуваше да остане на улица поради проблеми со нејзината ќерка, со која, како што објаснува, соживотот бил невозможен. Хуманитарната „Класје на добрината“ веднаш ја извести нашата редакција и најдоа решение за Самаетка, а добротворната организација деновиве со огревно дрво израдува многу социјални семејства.
