Необичен соговорник и се придружи на новинарката која известуваше во живо за отворената плажа на Флорида по карантинот.
Откако ја кажа најавата, таа го предаде микрофонот на „смртта“.
Всушност, станува збор за локален адвокат, Даниел Улефелде, кој дошол на плажа облечен во костум на „Смртта“ за да протестира против наводно предвреме укинатите ограничувања што, според него, би резултирале со продолжен ризик од инфекција со коронавирус.
“Јас сум тука за да укажам дека е рано да се отворат плажите. Мислам дека е опасно луѓето да се собираат и да се шири вирусот, така што ова ќе го продолжи времето за закрепнување. Мислам дека ни требаат подобри мерки. Ова е премногу рано и не е соодветно”. рече тој.
