Неопходни се избори, во септември ќе има нов бран на корона, партиите ќе одлучуваат на лидерска средба во вторник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неопходно е да се одржат што побрзо парламентарните избори поради најавите дека е можно враќање на корона вирусот во септември, изјави премиерот Оливер Спасовски. Тој додаде дека во вторник кога и ќе се одржи лидерската средба со партиите ќе се одлучи кој датум ќе бидат распишани изборите.

„Не знам дали е идеално време јуни за да се одржат избори. Мислам дека поради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо парламентарните избори, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните“, рече Спасовски.

Иако партиите нагласуваат дека здравјето на граѓаните им е најважно, некои од нив настојуваат за одржуваање на избори а други пак сметаат дека не е време за избори.

Од ВМРО ДПМНЕ во неколку наврати изјавуваат дека не размислуваат за избори и дека приоритет им е здравјето на граѓаните.

„Одржување предвремени парламентрани избори кога имаме пандемија на КОВИД-19 и кога секојдневно се бориме со инифицирани луѓе и жртви, кога се соочуваме со економска, санитарна и образовна криза, па и воопшто кога имаме кризна состојба, не еден од приоритетите. Најпрво да се избориме за здравјето на граѓаните, да ја вратиме економијата на победничките патеки, а потоа можеме да размислуваме за избори“, рече Мицкоски.

Од ДУИ велат дека секогаш се подготвени за избори.

„Ние нарачавме анкета и како политичка партија, обемна, за да видиме која е волјата на граѓаните. Поради тоа се двоумиме да прифатиме брзо избори. Ако утре се објави победа над вирусот Ковид-19 и граѓаните се чувствуваат слободни да бидат дел од изборите, тогаш нека има избори во мај, јуни, јули. Ние сме подготвени, бидејќи бевме подготвени и во мај и во април“, рече Артан Груби.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски тврди дека нема шанси изборите да се одржат во јуни. Тој посочи дека без разлика на желбите на политичките партии, според изборниот законик за организација на изборите мора да има простор од најмалку 50 дена откако тие ќе бидат распишани. Ставот на спикерот Талат Џафери кој треба да ги распише изборите вели дека изборните рокови треба да продолжат онаму каде што застанале поради вонредната состојба донесена поради заразата од Ковид 19.