Светските медиуми пишуваат за Марија Орсингер, 101-годишна баба која ги преживеала Шпанскиот грип, Втората светска војна, додека пак ковид-19 се очекува да го победи по трети пат.
Прв пат била заразена во месец февруари.
„Мајка ми беше примена во болницата во Сондал во февруари, а докторот ми рече дека никогаш не видел некој толку стар што го толерира коронавирусот толку добро. Дишеше сама и немаше температура“, изјави нејзината ќерка Карла.
Марија втор пат се заразила во септември, но овој пат имала температура и поминала 18 дена во болница.
Секако, со својата волја и брзо закрепнување и тогаш го воодушеви медицинскиот персонал, но за жал тоа не беше крајот на борбата. Пред неколку дена, нејзиниот тест повторно го потврди коронавирусот, но овој пат храбрата Марија е асимптоматски случај.
Родена во 1919 година, Марија ја преживеа и пандемијата на шпански грип, се омажила за време на Втората светска војна и за неколку дена сите се надеваат дека ќе го освои коронавирусот по трет пат.
„Лекарите се целосно запрепастени“, велат нејзините ќерки кои со нетрпение чекаат нивната мајка да се врати дома од болницата, каде што беше превентивно задржана, заради нивната возраст.
