„Вашиот глас ќе биде најдобриот одговор за тие кои даваат празни ветувања и продаваат магла“, истакна Муса Џафери.
Ова го ветуваше Муса Џафери како вицепремиер во 2014 година, кога се кандидираше ѝ за пратеник од редовите на ДУИ. Велеше дека „ДУИ се покажа како сила што го прави тоа што го кажува“. И по овие избори ДУИ победи и стана дел од Владата, но многу проекти кои беа ветени оттогаш ни денес не се исполнети или се во фаза на реализација. Сега Џафери како дел од таканаречената „Огнена група“ ја обвинува власта дека не ги реализирала проектите за албанските населби. Но, што ветуваше Муса Џафери додека беше вицепремиер, највисоката функција што ја имаше албанската партија во Владата?
„Најпосебен и најважен дел е патната инфраструктура, делот од коридорот 8, како што е делницата Кичево-Охрид во должина од 57 километри, изградбата на новиот автопат, вредност од 375 милиони евра, датумот на завршување 2014- 2018 година“, вели Муса Џафери.
Овој автопат, иако требаше да биде завршен, како што вели Џафери во 2018 година, по бројните проблеми со проектот, се уште не е завршен. Следно…
„Пат Струга-Ќафасан, нов автопат 16,5 км, вредност 50 милиони евра, период на завршување 2014-2018 година“, додаде Муса Џафери.
Истиот требаше да биде готов во 2018 година, но и денес патот што води до граничната точка со Албанија е полн со дупки и далеку од стандардите на модерен пат.
„Железничка од Кичево до Лин, 62,5 км, вредност 332 милиони евра, датум на завршување 2017-2020 година“, порача Муса Џафери.
Од 2020 година, како рок даден за реализација на ова ветување, поминаа 2 години, но Македонија и Албанија се уште не се железнички поврзани.
„Гасификација на Западна Македонија, вредност 24 милиони евра, рок на реализација до 2018 година“, вели Муса Џафери.
Покрај овие капитални проекти кои не се завршени ниту 8 години по ветувањата, има и локални проекти кои ги вети тогашниот вицепремиер Муса Џафери.
„Општа болница Кичево, вредност 3,2 милиони евра, датум на завршување 2015 година“, додаде Муса Џафери.
Кичевската болница и натаму е карабина веќе 40 години.
„Ова се дел од главните проекти што ќе ги реализираме во рамките на овој мандат во општина Кичево, Струга, Дебар, Долнени и во регионот воопшто“, вели Муса Џафери.
Вкупно имало 1081 проект, со вкупна вредност од 700 милиони евра! Но, на што паметат граѓаните на Кичево дека поранешниот вицепремиер Муса Џафери направи за овој град.
„Не, Муса Џафери не“.
„Без разлика дали Муса Џафери, едните или другите, инвестицијата овде е под нула. Овде само јадат и крадат. Пљачка и ништо друго“.
„Во Кичево се уште не знаеме дека нешто донеле, го гледаме само плоштадот што е направен, ништо друго“.
„Ќе се гради ли болница во Кичево? Ќе поминат уште 40 години!“
Покрај овие проекти, има и многу други нереализирани, како што е немањето канализација во Зајас, каде канализацијата и натаму тече покрај патот.
Во времето кога беше вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, Муса Џафери беше обвинет од тогашниот потпретседател на ДУИ и градоначалник на Липково, Садула Дураку за неуспеси при вработувањето од Липково.
