Нереално колку Роналдо ќе заработува секоја секунда во Ал-Наср

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Официјализирано е она што беше најавено за време на Светското првенство во петок навечер – Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Од самиот почеток се шпекулираше за парите кои Роналдо ќе ги добие за овој трансфер, а се уште има непотврдени информации дека неговиот потпис на договорот за Ал Наср е 200 милиони евра. Плус бонуси.

Што значи во пракса да се заработуваат 200 милиони евра годишно?

Португалецот месечно ќе инкасира 16,67 милиони евра. Односно 555.555 евра дневно.

Или, 23.150 евра на час, односно 386 евра секоја минута и 6,5 евра во секунда поточно.

Секако, сето ова е под услов точната претпоставка дека договорот навистина вреди толку, за што веројатно никогаш нема да добиеме официјална потврда, а што повторно има повеќе смисла ако се земе предвид дека сега Роналдо ќе биде заштитно лице на Обидот на Саудиска Арабија да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година.