Нереди и пред српскиот парламент: Собрани граѓани ја гаѓаат зградата со јајца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во српското Собрание дојде до голем инцидент, кога група на опозициските пратеници фрлаа димни бомби на пратениците од власта, а во еден миг дошло и до тепачка. Нереди почнаа и пред српското собрание, каде се собраа голем број на граѓани.

Насобрани студенти и граѓани ја гаѓале зградата на Собранието со јајца. Повеќето од нив завршиле на скалите.

Откако пред Собранието со 15-минутен молк оддадоа почит за жртвите во Нови Сад, потоа заминаа во правец на Собранието и правеа голема галама.

До нередот во Собранието дошло откако пратеникот Радомир Лазовиќ тргна кон говорницата, во што беше спречен од обезбедувањето, а потоа следуваше општ хаос.