Двајца од тројцата пациенти хоспитализирани во градската болница во Скопје, се во тешка здравствена состојба. Директорот на Ургентен центар, Илир Хасани, ја соопшти здравствената состојба на повредените пациенти во Романовце. Хасани изјави дека две пациентки се во тешка состојба. Вчера починал и еден од пациентите кој беше хоспитализиран.
Од друга страна, лекарот, Љубен Арсенов, од Градска болница, каде се хоспитализирани три члена на семејството, рече дека двајца тројцата пациенти се во тешка здравствена состојба. Извести дека една 31 годишна жена е во критична состојба и дека има изгореници на 80% од телото.
Арсенов изјави дека 28 годишната жена, која е бремена, има 25% изгореници на телото.
Инаку, вчера во кумановско Романовце од експлозија на плинска боца, животот го загубија три деца, а едно дете почина во болница како последица на тешки повреди. Шестмина се хоспитализирани, тројца во Клинички центар Мајка Тереза и тројца во Градската болница.
