Array

Неуспех при гласањето за одземање на имунитетот на Вељаноски, беше недоразбирање или лошо менаџирање меѓу СДСМ и ДУИ?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера столчето на пратеникот на ДУИ, Агим Шаќири, остана празно во Комисијата за мандатно-имунитетски и деловнички прашања. Шаќири рече дека му се влошила здравствената состојба. Поради тоа не успеа одземањето на имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Велјановски, откако гласањето заврши нерешено, 4 за и 4 против. Координаторот на парламентарната група на ДУИ, Ејуп Алими, го обвини претседателот на Комисијата, бидејќи не ја чекал заменичката на Шаќири, Мирсада Емини Асани.

„Заменичката на членот на Комисијата, живее во Гостивар, била на пат и претходно пред да се излезе на гласање, се договоривме во текот на координацијата и согласно Деловникот, дебатата завршува по два дена и врз основа на парламентарната пракса, ниту една  комисија ниту еднаш не завршила пред 23 часот. Претседателот на комисијата требало да направи исто како што правеше вчера цел ден, како што објави пауза над 10 пати, требаше да објави пауза до 23 часот и да го  чека заменик – членот за да биде присутна и да има кворум за гласање“, изјави Ејуп Алими – пратеник на ДУО.

Но претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетски и деловнички прашања, Павле Богоевски, вели дека започнал со гласање бидејќи претставниците на ДУИ не му потврдиле точно дали заменичката на нивниот член ќе оди на гласање.

И пратеникот на ДУИ, Агим Шаќири, за ТВ21 рече дека тој бил во лоша здравствена состојба, но сепак комисијата не ја чекала неговата заменичка во Комисијата.

„По паузата која ја даде претседателот на комисијата во 18 часот, отидов во ургентниот центар, каде бев задржан поради сериозни здравствени проблеми. Се слушнав со координаторот на парламентарната група на ДУИ, г. Ејуп Алими, кој дојде да ме посети на клиника и по таа ситуација, координаторот презема мерки заменичката, г-ѓа Мирсаде Емини Асани да оди на гласање, но Комисијата ја прекина работата и отиде на гласање без да ја почека нашата пратеничка“, изјави Агим Шаќири – пратеник на ДУИ.

Прашањето за имунитетот на поранешниот претседател на Собранието и актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Велјановски се очекува да се разгледа на пленарна седница во Собрание. Но денеска, оваа тема не фигурира на дневниот ред во Парламентот, а во меѓувреме според Деловникот, треба да се стави на дневен ред најдоцна три дена по добивањето на извештајот од страна на одредената парламентарна комисија.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ