Иако мрснотијата сама по себе не е лоша бидејќи го одржува скалпот здрав и ја спречува нашата коса да стане кршлива и сува, ако го имаме премногу, тоа може да доведе до разни проблеми.
Најчесто луѓето се жалат на брзо опаѓање на косата, чешање и првут. Како што објаснуваат фризерите, една необична причина често е меѓу главните причини за мрсна коса, а таа нема никаква врска со миењето.
Се работи за стрес. Како што стресот може да се појави на нашите лица со мозолчиња, акни, темни кругови или црвенило, исто така може да се појави и на нашиот скалп.
Експертите велат дека ова се случува поради промените во нивото на хормоните кои можат да доведат до зголемено производство на масло од скалпот или себум.
Значи, ако косата ни е помрсна од вообичаено, тоа може да биде знак дека треба малку да забавиме.
Други причини зошто косата побрзо се мрсува се премногу често или нетемелно миење, користење на погрешни производи за нега, често допирање на косата, недостаток на витамини Б и нагли хормонални промени како што се менопауза или бременост, пренесува Index.hr.