Во попладневните часови силен дожд го зафати и Сараево, а подини градски сообраќајници во главниот град на БиХ се поплавени.
Најмногу поплавени се подвозниците, низ кои автомобилите тешко поминуваат.
Поголем дел од БиХ попладне го зафати силно невреме проследено со обилен дожд и силен ветер.
Според податоците на Федералниот хидрометеоролошки завод врнежи од дожд се очекуваат и во наредните денови.
На територија на цела држава е издаден жолт метеоаларм, односно предупредување за опасна временска појава.
БиХАМК ги повика сите возачи кои се подготвуваат за патување пред да заминат од својот дом, да ги проверат информациите за состојбата на патиштата.
