Невремето кое попладнево ја погоди Црна Гора, при што загинаа две лица, се движи кон Србија.
Србија веќе објави предупредување за силни врнежи и силен ветер во Белград и околината, но и на други места како Ужице, Чачак, Краљево.
Невремето од Црна Гора, за среќа, нема да се „пресели“ кон Македонија, меѓутоа во Македонија околу 15 часот ќе има нестабилно време со врнежи во Охрид, Битола и околните места, а во Скопје се очекуваат врнежи околу 19 часот. Врнежи ќе има и во Тетово, Гостивар и Дебар.
„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.
Во Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и локална појава на град.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, стои во известувањето на УХМР.
