За 1117-те вработувања во здравството, националниот координатор на Самостојниот синдикат на здравствените работници Боби Бојчевски вели дека приоритет треба да имаат оние кои имаат искуство и со години договор на дело, а не лица од надвор. Дополнително, бараат од министерот да има услов за доказ за вработување за повеќе од три-четири години за да не се вработуваат оние без стаж.
На прашањето дали се ова вработувања во здравство во предизборен период, премиерот Димитар Ковачевски негира велејќи дека овие луѓе се потребни во Здравството.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 1117-те вработувања ги гледаат како купување гласови пред изборите. Според нив, целта на премиерот не е искрена туку претставува потценување на медицинскиот персонал.
