Дојдоа порано пред болницата и го чекаа нивниот другар кој ќе оди на лекување во Турција. Ова се блиските другари на Незир Чајани кој пред две години тешко се повреди кај езерото Матка. Од оваа несреќа Незир остана неподвижен и од пред две години е по болници.
„На Незир му рековме дека сакаме многу брзо да биде повторно меѓу нас. Ќе бидеме повторно другари како што бевме порано. Сега е малку подобро и комуницираме преку лаптоп, зборуваме на камера, се надеваме да биде подобро“, вели Агрон Реџепи.
Таткото на Незир вели дека за разлика од тоа како бил, сега Незир е подобро и надежта е голема да се излекува. Вели дека е потребно уште малку помош од хуманите луѓе.
„Во моментов е многу добро, сега за сега му треба рехабилитација што треба да се направи во Турција бидејќи во нашата земја не се прави. Благодарение на хуманите луѓе одлучивме момчето да го испратиме во Турција за да биде подобро“, посочи Феми Чајани.
Незири во Турција ќе патува со Брза Помош во лекарска придружба.
Незир се поздрави со другарите а тие му поскаа се најдобро пред да влезе во автомобил.
Незир Чајани пред 2 години со друштво отишле кај езерото Матка да се освежат, но за жал при скок од високо, тој се повредил на камењата под водата. Таткото на Незир им се заблагодарува на сите кои помогнале.
