Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто вечерва ќе бидат осветлени во боите на македонското знаме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод 30 годишнината од независноста на Македонија, нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат вечерва осветлени со боите на македонското знаме.

Церемонијата треба да започне во 11:30 часот по источноамериканско време, а Македонците од Њујорк и Њу Џерси свечено ќе го подигнат македонското знаме на два јарболи на Волстрит.

Канадско-македонското историско друштво обезбеди „Си-ен“ кулата во Торонто да биде осветлено во црвено и жолто. Тоа ќе почне на зајдисонце и ќе се одвива во интервал од 30 минути секој час во текот на ноќта до изгрејсонце.

Нигараните водопади, пак, ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме под покровителство на фамилијата на канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов, во времетраење од 15 минути во 23 часот.

– Најсоодветно е кога Нијагарините водопади, признати како седмо светско чудо, ја признава 30 годишницата од независноста на  Македонија. Таа нескротлива моќ, убавината и силата на водиопадите се симбол на напорите на мојот татко Џон Битов-постариот, и останати дејци, кои си земаа за обврска да извојуваат глобално признавање и независност земјата во услови на мир, соопшти Јордан Битов.

Канадскиот бизнисмен со македонско потекло Џон Битов, еден од идејните основачи на „Македонија 2025“, почина во 2015 година, е истакнат потомок на македонски доселеници во Северна Америка кој направи клучни напори во движењето за независноста на Република Македонија при крајот на 1980-те и почетокот на 1990-те, и издејствува признавање на нашата земја од Канада.