Првата судијка во Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, остро се осврна на состојбата во македонското судство во гостувањето во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.
Потсетувајќи на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер, која во истото студио вчера изјави дека воопшто не и се допаѓа состојбата во судството односно дека сака да види помалку зборување, а повеќе дејствување во рамките на судството, Николовска истакна дека таа и самата ова го има кажано повеќе пати.
„Јас не сум вложила пари во судството. Меѓутоа јас потекнувам од таму и знам кога судството и како судството тргна на надолна линија. А од друга страна. Исто така гледам како малку се прави нешто да тргне сега на нагорна линија. Значи, зборувавме за перцепција. Перцепцијата е таа којашто е можеби во дадената ситуација најлоша. Не сакам сега да зборувам за тие два посто, заради тоа што тие два посто не се така, како што се претставува во во јавноста“, вели Николовска.
Таа вели дека тие два посто недоверба се извадени од целокупната недоверба којашто има неколку сегменти.
„Целосна недоверба, половична недоверба, недоверба во еден дел она испитува нешто… Вршени се одредени други испитувања и не ја покажува состојбата од два посто недоверба. Целосна недоверба. Значи овие два посто се за целосна недоверба. Меѓутоа, тоа да го ставиме на страна зашто тоа повторно ќе кажам, веќе е присутно секаде и секој зборува за таквата мала недоверба. Меѓутоа, она што, што мене ми смета и она што јас сметам дека секој треба да, да се утврди состојбата. Тоа е она што се прават анализи. Тоа е она што тие одредени анализи доаѓаат до некакви заклучоци. Па, тие заклучоци треба да се елаборираат. Законите се тие коишто исто така укажуваат на одредени проблеми. Макар да лично сметам“, додава Николовска.
