Николовска: Неблагодарно е да се прогнозира кога ќе биде пресудата за Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првата судијка од Македонија во Европскиот суд за човекови права и актуелна претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николоска, во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 се осврна на судскиот процес за трагедијата во Кочани.

Николоска нагласи дека е неблагодарно и неодговорно да се прават прогнози за времето на донесување на пресудата.

„Многу е поважно правдата, многу е рано за било каква прогноза. Треба да почекаме процесот да започне и да се одвива согласно законските процедури,“ рече таа.

Таа додаде дека вниманието треба да се насочи кон обезбедување на фер судење за сите страни, отколку кон предвремено предвидување на исходот.