Николовска: Сите политичари зборуваат за неказнивост, а тие ја направија таа неказнивост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првата судијка во Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николоска, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 коментираше за перцепцијата на неказнивост во судскиот систем.

Николоска нагласи дека јавноста често ја критикува судската власт за неказнивост, но дека не е секогаш виновно судството.

„Сите политичари зборуваат за неказнивост, а тие самите ја направија таа неказнивост,“ рече таа, потенцирајќи дека проблемите произлегуваат, меѓу другото, од застареност на постапките поради промени во Кривичниот законик и несоодветни законски решенија.

Според Николоска, потребно е да се разбере дека причините за застојот и перцепцијата на неказнивост често се политички, а не исклучиво правосудни.