Николовски и Бектеши утре ќе ги соопштат сознанијата и преземените мерки во врска со увозот на мазут

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре на прес конференција јавноста ќе биде информирана околу наводите за увозот и дистрибуцијата на нафтените деривари.

Оваа информација ја потврди Владата денеска преку соопштение за одлуките од 77-мата седница.

„Владата денеска ја усвои информацијата за преземените активности од страна на Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државната инспекција за животна средина во врска со наводите објавени за увозот и дистрибуцијата на нафтени деривати, односно мазут, и ги задолжи заменикот-претседателот задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, во текот на утрешниот ден, на 9 јуни, за сознанијата и за преземените мерки да ја информираат јавноста на прес-конференција“, велат од Владата.