Николовски: Криминалните структури се врзани со самите институции – ќе се проверува потеклото на имотот на шумски полицајци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 пред неколку дена објави сторија за злоупотреба на службена положба од страна на директор на подружница на Македонски Шуми во Кичево, а вицепремиерот Николовски вели дека за овој случај МВР ќе ги преземе сите законски мерки и инстументи.

Во врска со нелегалната сеча, во „10 Минути“ на ТВ21 разговаравме со вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски кој не информираше дека само што излегол од состанок со кој што во Владата се започнало со координација на средување на еден сектор и област во којашто граѓаните искажуваат незадоволство.

На овој состанок се донеле едногласни заклучоци дека мора да се менува системот во овој дел, исто после децении.

„Донесовме заклучоци дека било каква акција која се правеше во изминатиот период не дава соодветен резултат бидејќи криминалните структури се врзани со самите институции, доаѓаат од внатре“, посочи Николовски.

Тој вели дека мора да влезат во проверка на потеклото на имотот на многу лица со цел да дојдат до соодветните состојби.

„Треба да влеземе во проверка на потеклото на имотот на многу шумски полицајци, на многу вработени во Министерството, на вработени во Национални шуми за да дојдеме до соодветните состојби. И тоа ќе го работиме. Затоа заклучивме дека пред владата ќе излеземе со нов план којшто ќе го предложат овие институции заради системско решавање на проблемот“, порачува Николовски.