Николовски: Нема причина за одлагање на локалните избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека нема причина за одложување на изборите.

„Нема причина да се одлагаат изборите во период кога се зголемува бројот на вакцинираните, кога младите се мотивираат да се вакцинираат и на тој начин се намалува притисокот врз здравствениот систем. Минатата година, докажавме дека може да имаме безбедни и сигурни избори во време на коронвирус и и такви ќе бидат и овие локални избори – целосно безбедни по јавното здравје“ истакна Николовски.