Ништо од ветувањата за улицата до детската болница – Богоев две години се правда со влажното време

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На праг на локалните избори, премиерот Заев и градоначалникот на Град Скопје, Шилегов, постојано се на терен за да промовираат активности и градби.

Но, Град Скопје и општина Карпош никако да ја реконструираат улицата која води до детската болница Козле. Таа е тешко проодна, со дупки и унуштена калдрма. ТВ21 веќе две години го актуелизира ова прашање и овој проблем, а како одговор го добива истото образложение дека поради влажното време, работите се одложуваат. Истата изјава, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев ја повторува неколку пати. Овој пат , решавањето на проблемот го потврди и Петре Шилегов климајќи со глава.

Истата причина Богоев ја наведе и минатата година како и пред две години.

Инаку оваа улица е доста фреквентна, бидејќи околу 100-тина деца дневно одат на контрола во Болницата за белодробни заболувања во Козле.

Должината на улицата за која се ветува дека ќе биде направена е долга само 500 метри.