Без смарт таблети и без учебници. Вака веќе еден месец следат настава дел од основците. Родителите се принудени да фотокопираат учебници за децата. Од вкупно 4380 ученици од четврто одделение, 1263 добиле наставни материјали. МОН доставило само 860 таблети, од кои 581 се дополнително обезбедени од локалната власт, како и 191 таблет од донации. Ова истражување го спроведе иницијативата Учебници и настава мора да има, во 88 училишта од вкупно 343 основни училишта на цела територија.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска вели дека ги снабдиле сите општини со таблети таму каде што побарале самите општини.
Освен проблемите со недостиг од таблети и учебници за четврто одделение, проблеми имаат и другите класови, каде повеќето ученици добиле оштетени и исчкртани учебници.
