Ниту училиште, ниту паралелка на албански јазик – градоначалникот Георгиевски го прекрши потпишаниот договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е потпишаниот договор меѓу жителите и градоначалникот на Гази Баба, како решение за учениците од Идризово. Во член 5 од овој договор се вели:

„Прводоговорената страна исто така гарантира дека доколку изградбата на новото училиште во с. Идризово нема да биде завршено до 01.09.2020 учениците кои оваа учебна година 2019/2020 посетуваат настава во шесто одделение во ОУ Кочо Рацин, нивното седно одделение на албански јазик ќе го продолжат во ОУ Његош во Јурумлери, општина Гази Баба Скопје и секоја наредна албанска паралелка од учениците од с. Идризово се додека не се заврши изградбата на новото училиште во с. Идризово, ќе го продолжат нивното образование на албански јазик во ОУ Његош во Јурумлери општина Гази Баба“.

Денеска по една година родителите заедно со учениците дојдоа пред училиштето „Његош“ во Јурумлери и протестираа бидејќи градоначалникот на општината Борис Георгиевски го прекрши потпишаниот договор. Не добија ниту основно училиште ниту албанска паралелка во Његош не се отвори.

„Апелиравме до сите институции, државни, кои се надлежни да помогнат да се реализира овој договор особено член 5 од договорот кој вели, доколку изградбата на училиштето во Идризово не заврши за учебната 2020/21 се обврзува градоначалникот на општината, учениците кои следеле настава во 6 одделение во Огњанци да се вратат тука да продолжат и секоја друга генерација да продолжи од шесто на албански јазик во училиштето Његош во Јурумлери“, посочи Бајрам Бејта.

Овој договор е направен бидејќи во училиштето во Јурумлери учениците Алабанци можат да следат настава на мајчин јазик до 6 одделение, а денеска кога сите деца отидоа на училиште, тие останаа пред вратата да протестираат.

„Дојдовме денеска за овие деца да учат на албански, бидејќи завршија петто одделение, немаме каде да ги испратиме и сакаме овде да учат. Не сакаме на друго место да ги праќаме бидејќи се мали“, посочи родител.

Контактиравме и со градоначалникот   и го прашавме зошто не се спроведува потпишаниот договор. Тој неодговарајќи конкретно напиша:

„Нема потреба од ексклузивитет. Сите деца, се згрижени од Идризово во ОУ Његош и ја пратат наставата на албански преку онлајн програмата“, вели градоначалникот на Гази Баба.

И во член 12 од договорот се вели дека доколку страните не го почитуваат постигнатиот договор ќе одговараат кривично и морално.