Пред да влезат им мерат температура.
Но, кога ќе влезат внатре, граѓаните се соочуваат со ваква глетка…
Чекаат да дојдат на ред насобрани низ ходници. Маски носат, но не држат дистанца. Вака изгледаше денеска Градската болница во Скопје.
Еден граѓанин излезе надвор од болницата, загрижен за состојбата која владее внатре.
Граѓанин: Воопшто не се држи растојание. Сите се еден до друг.
Новинар: Дали носат маски?
Граѓанин: Некои носеа, некои не. Имаше многу гужва.
На некои дури не им се мереше ниту температура. Болницата „8 Септември“, Инфективната клиника и Болницата во Козле се болници каде има хоспитализирано пациенти позитивни на Ковид-19, а за рутински контроли голем број граѓани се упатуваат во Болницата СВ.Наум Охридски или позната како поранешна Градска болница.
Поради пандемијата, Министерството за здравство забрани собирање на луѓе во затворен простор. Се обидовме да контактираме со ресорното министерство, но беа недостапни.
