НЛБ Банка ги објави најубавите детски цртежи во рамките на НЛБ Месецот на штедење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Опозицијата се жали на нетранспарентност – нема пристап до преговорите за решавање на спорот со Бугарија

Опозицијата се жали дека не знае ништо околу тоа како течат преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија,...

Протокол за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 25-та седница го донесе Протоколот за одржување настани со медиумско...

Опозицијата го блокираше Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со услов до Заев: Да каже што договарал во Бугарија

Дел од централни улици во Скопје беа блокирани. Причината, протестот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, поради случувањата и како...

И декември неизвесен за преговорите, Бугарија повторно ќе ја блокира Македонија?

Остана уште 7 дена до следната одлука на Европскиот совет за започнување на преговорите со Северна Македонија...

Словенија на врвот во Европа според неделниот број на смртни случаи од Ковид-19

Според статистиката на школата Оксфорд Мартин, Словенија е на прво место во Европа според неделниот број на...

НЛБ Банка денеска, во рамките на детскиот ликовен конкурс по повод НЛБ Месецот на штедење, ги објави победничките цртежи на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“. Овој конкурс Банката го организира традиционално по 9-ти пат и како и минатите години и оваа година тој имаше хуманитарен карактер. Банката за секој пристигнат цртеж донираше парични средства, при што за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје Банката ќе донира износ од 3.000 ЕУР.

Месецот на штедње започна на 25 септември, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години имаа можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“ и воедно да ги споделат своите искуства и впечатоци од убавините и културните обележја на Македонија.

„НЛБ Месецот на штедење има посебно место во срцето на нашата Банка. За НЛБ семејството октомври претставува асоцијација за најубавиот месец во годината бидејќи вообичаено го поминуваме во друштво со нашите дечиња. Оваа година, за жал, тоа задоволство моравме да го одложиме и целата интеракција со нив се одвиваше преку дигиталните канали и тоа заедно со јунаците од популарната ТВ серија „Дајте музика“ кои годинава ни се придружија во цртањето. Ликовниот конкурс секоја година на најмалите им овозможува не само да ги покажат нивните цртачки вештини туку и да научат нешто ново, а оваа година ги истражувавме убавините и богатствата на нашата земја. “, изјавија од Банката.

Конкурсот за цртање траеше еден месец, односно од 25 септември до 25 октомври. Тој беше отворен за сите деца на возраст од 5 до 15 години и имаше награден карактер, при што се наградени вкупно 30 деца. Дваесет од нив се избрани од страна на стручната жири комисија составена од наши реномирани уметници: Микица Трујкановиќ, Сергеј Андреевски и Филип Фидановски, а остантите десет се избрани од пошироката јавност преку гласање на веб страницата на Банката. Сите добитници од овој конкурс добија штедна книшка од НЛБ Банка со штеден влог од 3.000 денари.

Победничките детски цртежи и сите цртежи собрани во рамките на НЛБ Месецот на штедење може да се видат на online галеријата на линкот: www.stedenje.nlb.mk

.