Еден час повеќе за спиење. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад. Од ноќеска, времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот и со тоа почнува зимското сметање на времето.
Специфика за земјава е што промената на времето се случува во предвечерието на вториот круг од локалните избори.
Освен кај нас, зимското сметање ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.
Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа – од 2021 година да биде укинато сезонското поместување на времето. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па така останува неизвесно дали ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.
„Во 2019 година Европејците не поддржуваат. Законот на ЕУ налага да престане менувањето на времето двапати годишно. Промената на времето треба да престане! Земјите-членки сами треба да одлучат дали трајно ќе го применуваат летното или зимското време“, истакна Жан Клод Јункер.
Но, Советот на ЕУ сѐ уште нема донесено конечна одлука, па затоа останува нејасно дали ова ќе биде последната промена на времето во ЕУ.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
