Нов директор-нова страница албанскиот јазик избришан од КИЦ – Димитров ветува дека ќе го користи албанскиот „ни треба малку време“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледаше веб-страницата на Културно информативниот центар. Изданијата и се останато беа на македонски и албански јазик. Но, со доаѓањето на новиот директор Антонио Димитров од редовите на партијата „Левица“ се смени страницата на КИЦ. Веќе трет ден е отворена нова страница и таа е само на македонски јазик.

ТВ21 го контактираше новиот директор за да го праша зошто отворил нова страница и не го користи албанскиот јазик. Димитров рече дека не е против употребата на албанскиот јазик, но додава дека му треба време да ја прилагоди новата страница на двата јазика.

„Сменето е лицето што ја одржува страницата, бидејќи ни заврши договорот со стариот хостинг, затоа сега имаме нов. Новата страница се уште ја немаме дизајнирано како што треба, нема да го отстраниме албанскиот јазик, не можеме да ја избришеме историјата, 12 години е така“, вели Димитров.

Директорот е избран од Град Скопје, каде мнозинство се ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците. Затоа го прашавме првиот човек на АА Зијадин Села како ја коментира постапката на дотичниот директор кога заменик градоначалник на Скопје е Бујаре Абази од неговата партија. Села се оградува од одговорноста велејќи дека функцијата потпретседател е само постцеремонијална.

„Дали знаете каква е функцијата заменик градоначалник на Град Скопје? Да ја разјасниме позицијата на заменик градоначалник на град или општина, каква е оваа функција. Ова го кажувам заради јавноста за да појаснам користејќи го вашето прашање. Тоа е свечена објава, измислена, да се каже дека еве добивме заменик градоначалник на Скопје. Измислена не од нас, туку во времето кога раководеше со Скопје ДУИ и СДСМ да го покажат големото достигнување“, вели Села.

Села го повика јазичниот инспекторат да изврши увид и да казнува секогаш кога ќе се прекрши законот за употреба на јазиците. Инаку, во последните 12 години на чело на КИЦ е Сериме Пурини од ДУИ.