Нов инцидент во Белград: Ученик однел пиштол во основно училиште, па го покажувал на другарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград добило најмалку една анонимна пријава дека вчера попладне еден од учениците донел пиштол во училиште и им го покажал оружјето на другарите во тоалетот.

Случајот е пријавен во полиција, во Советот на родители и во Обвинителството, пренесуваат српските медиуми.

На крајот полицијата утврдила дека пиштолот всушност бил играчка.

Ова е нов инцидент со белградско училиште. Во 2023 година во мај ученик со пиштол пукал во ОУ „Владислав Рибникар“, и уби девет деца. Од тогаш зголемено е присуството на полицијата во училиштата, но повторно се случуваат инциденти.