Непознат маж со нож нападнал и повредил две лица во германскиот град Ерфурт. Полицијата го потврди инцидентот и напомена дека напаѓачот е во бегство.
Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот бил стар меѓу 20 и 30 години и имал белег на лицето. Полицијата соопштила дека во моментов не знае каде се наоѓа и дека потрагата е во тек. Вклучени се полициски хеликоптери во потрагата.
Повредени се едно лице од 45 години и едно од 68 години и се префрлени во болница.
Пред неколку дена во напад во Вирцбург, беа убиени три лица а ранети најмалку петмина.
