Нов пожар во Штипско, едно лице се здобило со изгореници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека денеска бил пријавен пожар во атерот на селото Долани, Штипско, при што веднаш било интервенирано со две екипи.

„Попладнево на бројот 112 бил пријавен пожар во атарот на селото Долани, Општина Штип, по што ТППЕ – Штип веднаш интервенирала со две екипи.

Пожарот избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место.

Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.

Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош.

Во пожарот едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица.“, велат од ЦУК.