Нов предмет за екс министерката Ангеловска – по кои критериуми „Групер“ доби помош од антикризните мерки?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По предметот за Еуростандард банка, за екс-министерката за финансии, Нина Ангеловска комисијата за антикорупција отвора нов предмет. Ќе се испитува дали е оправдано доделувањето на помошта, односно дали компанијата за онлајн трговија имала реална потреба од таква помош, или ги добила поради други неосновани причини.

Според податоците од алатката за транспарентност „Отворени финансии“, фирмата Вебспот ДОО, која стои зад платформата за онлајн трговија групер.мк., за три месеци од  државата добила помош за исплата на плати од вкупно 11 илјади евра.

Од компанијата Вебспот за РСЕ велат дека фирмата секогаш работела согласно со законските прописи. Оттаму велат дека тој принцип на работење го запазиле и во врска со примената на мерката за исплата на плати.

„Финансиската поддршка за исплата на плати на работниците беше условена и неселективна антикризна мерка која важеше за сите компании кои ги исполнуваат јавно објавените услови“.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш го повикаа ЈО да отвори предмет за доделувањето на ваква помош з фирмата на Ангеловска и за фирмата „Еленица“, за која велат дека е семејна фирма на Заев, а Заев и Ангеловска да ги вратат парите.

„Имаме основано сомнение дека во случајот е извршено кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик со што е сторена штета на средствата од Буџетот, што се казнува со казна затвор од најмалку 4 години. Го повикуваме ЈО да го истражи случајот и во најбрз можен рок да изврши дејствија во насока на враќање на парите кај граѓаните“, истакна Наум Стоилковски.

Ова е втор висок функционер за кој Антикорупциската отвора постапка за делот на доделување на првиот сет економски мерки. Во истиот предмет се истражува и за компанијата на во која поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев е дел од сопственичката структура „Брако“ која, исто така, користеше дел од овие мерки.

Заев вчера, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Стопанската комора, изјави дека секоја фирма во државата може да конкурира за добивање помош од антикризните мерки доколку трпи последици од ковид-кризата.