Нов земјотрес ја потресе централна Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нов земјотрес ја потресе централна Хрватска во 18:24 часот по локално време.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил со интензитет од 3,5 степени според Рихтер.

Граѓаните известуваат дека тој се чувствувал силно во областа Сисак и Петриња, а нешто послаб во Загреб.

ЕМСЦ исто така извести дека ова е 57. земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 73 часа.

Да потсетиме, во областа Петриња денес се почувствуваа уште два земјотреси со среден интензитет – едниот со јачина од 3,8 степени по Рихтер, а другиот со јачина од 3,3 степени.