Нов земјотрес во четвртокот го погоди далматинскиот регион во Хрватска. Околу 10 часот и 22 минути земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе Далмација.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, а епицентарот на 15 километри од Приграда кај Задар.
„Се чувствуваше како да удри гром“, беше еден од коментарите на ЕМСЦ.
