Конечно надеж дека Визбегово ќе добие училиште. По синоќешната седница на Владата, вицепремиерот Артан Груби потврди дека се решени сите бариери за изградба на училиште.
„Со Министерството за образование и Министерството за транспорт ги надминавме сите пречки за изградбата на училиштето во Визбегово, додека на денешната владина седница се изгласа и програмата за капитални инвестиции, вклучувајќи го овде и училиштето во Визбегово заедно со училиштето во Блаце“, смета Артан Груби – прв вицепремиер
Родителите најмногу и се израдуваа на оваа вест, бидејќи за нив беше голем проблем транспортот на нивните деца до другите училишта во Чаир или Шуто Оризари. Сега се надеваат дека работите ќе се завршат што поскоро.
„Последниве денови зачестија активностите на власта, министерот за образование, транспорт, поминаа од оваа страна, но поради лошото време не можевме да се сретнеме и да разговараме подетално за тоа кога и како ќе почне, но се гледа дека има раздвиженост и надежите се малку поголеми дека оваа година ќе започнат работите за школото“, вели Неби Ибраими – жител на Визбегово.
Жителите на Визбегово веќе 20 години бараат училиште во нивната населба. Тоа не стана реалност поради бирократски проблеми меѓу општината и министерствата. Најмногу трпеа учениците кои треба да патуваат со километри за да стигнат до училиштата од околните општини, а честопати немаа транспорт.
