Нова снимка која го покажува страшниот момент на експлозијата во Бејрут се појави на интернет.
На кратката снимка која е објавена од РТ се гледа како жителите на Бејрут гледаат во голем облак од чад, а потоа се слуша многу по силна и по гласна експлозија.
Здравствените служби соопштија дека се уште трае потрагата за десетина исчезнати, а спасувачките тимови ги пребаруваат рушевините во надеж дека ќе пробајдат преживеани.
Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут порасна на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица.
Според наводите, засега 21 лица се водат како исчезнати.
