Новата методологија предупредување – има ли ризик од регрес на Македонија во преговорите со ЕУ?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преговарачката рамка на Европската комисија за Северна Македонија доаѓа во деликатно време, кога во земјава нема политичка Влада, кога земјата е во предизборна кампања и под притисок од земјите соседи Бугарија и Грција за историски прашања. Може ли да има одложување на преговорите поради тоа што немаме политичка Влада и што ако дојде до пролонгирање на преговорите за формирање на новата Влада? Премиерот Оливер Спасовски, вели дека работните тимови се формирани и дека останува само уште институциите да бидат ставени во функција.

Од друга страна, пак, вицепремиерот Бујар Османи вели дека за земјата да може да учествува на меѓувладината седница треба преговорите за формирање на Владата да ги почне на 16 јули.

„Секое доцнење по изборите за формирање на политички легитимни институции, видливо ќе влијае врз преговарачкиот процес, бидејќи роковите се такви. До 15 јули мора да испратиме порака за демократска зрелост за коректни и демократски избори, а веднаш на 16-ти јули да организираме консултации за формирање на новата Владата, со цел да се подготвиме за првата меѓувладина средба за формирање на Владата“, истакна Бујар Османи.

Но, пречка за тоа се односите со Бугарија за историските прашања. Рамката предвидува ако една земја-членка има поплаки во однос на преговарачкиот процес за Северна Македонија, тогаш може да побара враќање на процесот. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на прашањето околу можната блокада од страна на Бугарија, одговори:

Преговарачката рамка го призна македонскиот јазик, а историските проблеми со Бугарија нема да бидат вметнати како посебно поглавје, туку ќе стојат во поглавјето за билатерални договори. Новина во однос на рамката е тоа што е изготвена согласно новата Методологија на Европската комисија. Рамката која е во драфт-верзија ќе биде разгледана од земјите-членки, по што се очекува во октомври да биде објавен финалниот текст.