Низ ова тесно патче поминуваат граѓаните за да стигнат на молитва во џамијата во Чаир.
Лимената ограда што е поставена, им го отежнува движењето…
-Според мене, многу ја стеснија улицата, но нема што да правам, бидејќи тоа е дворот на џамијата и самиот сопственик што го гради објектот треба да го прошири. Ние да земеме да се караме….со лошо не оди…, вели граѓанин.
-Да, секако дека ни го отежнува движењето. Ја направија како улица за кози, вели граѓанин.
-Оваа зграда ќе биде на 12 ката и тоа без никакви пречки, вели граѓанин.
Овој верски објект е изграден пред 8 години, но новата зграда која е во процес, ја засенува џамијата. Граѓаните што ги сретнавме велат дека ова што се прави не е во ред. На ова место е предвидено да се издигне деветкатна станбена зграда.
-Зградата ќе биде на околу девет ката, а три ката ќе бидат подземни паркинзи. Од џамијата ќе бидеме оддалечени од 12 до 15 метри, целиот тој дел ќе биде отворен. Таму ќе можат да поминуваат луѓе, но од безбедносни причини направивме да биде отворен само колку за еден човек. Како и да е, ова е вака привремено. Кога ќе почне изградбата, ќе почне на околу 15 метри, па така тој дел од џамијата ќе биде отворен. Значи, нема да има никакви пречки, вели Али Несими инженер.
Џамијата во Чаир има три влеза, меѓутоа жителите кои живеат од страната каде се одвиваат градежните активности, потешко се „пробиваат“ до неа. Од општина Чаир велат дека не можат да ја стопираат изградбата, бидејќи сопственикот има дозвола за градење.
