Нови џек пот добивки на електронските игри на среќа, најнова понуда од видеолотарија Касинос Австрија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Видеолотарија Касинос Австрија ја збогатува понудата на електронски игри на среќа со нови џек пот добивки: МИНИ и МАКСИ ЏЕК ПОТ.

Под слоганот „Играј за забава, Играј одговорно“, Видеолотарија Касинос Австрија  го збогатува своето портфолио на џек пот добивки, овојпат за електронските игри на среќа. Играчите на овие игри добиваат нов предизвик за забава.

Добивката МИНИ ЏЕК ПОТ во износ од 2.000,00 до 4.000,00 денари, може да се постигне во играта Среќни топчиња (Lucky balls). Добитниот тикет со постигната  МИНИ ЏЕК ПОТ добивка се исплаќа единствено на локацијата на која е уплатен.

Добивката МАКСИ ЏЕК ПОТ во вредност од 150.000,00  до 200.000,00 денари, може да се постигне и кај играта Среќни топчиња (Lucky balls ) и кај играта Догги Кено (Doggy Keno). За постигнување на оваа добивка, потребен е минимален влог по тикет од 40 денари. Добитниот тикет co МАКСИ ЏЕК ПОТ задолжително треба да се потврди кај деловниот соработник кај кого е постигната добивката. По изврешената проверка, добивката се исплаќа на трансакциска сметка на доносителот на ваучерот единствено во просториите на Приредувачот – Видеолотарија Касинос Австрија.