Нови мерки за Тетово, Куманово и Прилеп, од утре сите граѓани со маски и ракавици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Од утре жителите на Тетово, Куманово и Прилеп нема да смеат да излегуваат од дома без маски и ракавици-вели репортерот на ТВ21.

Eкипата на ТВ21 денеска посети аптекa за да види – колку ќе ги чини оваа мерка граѓаните.

За една заштитна маска која може да се користи 4 часа и за ракавици за еднократна употреба, граѓаните ќе треба да потрошат 30 денари. Па така, пресметките велат дека едно лице за маска која треба да ја менува на 4 часа и пар ракавици, ќе потрошат 100 денари на ден, а 3.000 на месечно ниво. Оваа мерка мора да се почитува и секој граѓанин да се заштити, вели директорот на Институтот за јавно здравје во Куманово.

-Оваа мерка и мерката за социјална физичка дистанца се многу важни од две причини. Првата е да се спречи ширењето на вирусот, втората е да имаме контрола над заразените. Ако се почитуваат, мерките ќе бидат успешни-вели Љатифи.

Од Владата велат дека од утре, среда, граѓаните кои немаат маски, лицето можат да го покријат со марама или шал, но не дадоа информации дали ќе може да се користат заштитните средства кои не се усвоени од Светската здравствена организација. За оние кои нема да ги почитуваат мерките ќе бидат изречени казни од 1.000 до 1.500 денари. Друга мерка за овие три општини е да излегуваат од дома само ако имаат потреба или ако треба да одат на работа, а само еден член од семејството ќе има право да оди во маркет или аптека. Мерката доаѓа по предлог на Комисијата за заразни болести.